Дома Останати Тенис Ѓоковиќ зад себе има година каква што имал само уште Федерер

Ѓоковиќ зад себе има година каква што имал само уште Федерер

Не успеа Новак Ѓоковиќ со Србија да го освои Дејвис Купот, но секако зад најдобриот светски тенисер е успешна 2023 година.

Ѓоковиќ играше во финалето на сите четири грен слема, а освои три од нив и така дојде до 24 трофеи од најголемите турнири што го прави рекордер во оваа категорија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Календарската година Ѓоковиќ ќе ја заврши на првото место, освен тоа победи и на завршниот турнир во Торино кој го освои по седми пат во кариерата.

Со овие резултати Ѓоковиќ се изедначи со Роџер Федерер кој досега беше единствениот во Опен Ерата кој успеал во една година да освои три грен слема и да слави на АТП финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се надева на нова титула – ќе биде четврти носител на Австралија Опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигнува на Австралија Опен како четврти носите…