Српската тенисерка Наталија Стевановски во текот на вчерашниот ден приреди сензација откако ја елиминираше фаворитката и поранешна број еден тенисерка во светот, Каролина Плишкова со 6:2 и 6:3.
Задоволство поради победата на Стевановиќ истакна и Ѓоковиќ кој исто така се пласираше во следнот около по победата над Џордан Томпсон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Навистина и честитам, не се очекуваше да се квалификува тука и да победи против фаворитот. Импресивен резултат. Наталија не сум ја видел многу пати во животот. Знам дека доаѓаше во центарот на Белград да тренира неколку пати, па ја познавам површно. Како и секој тенисер и тенисерка која се пробива од Србија ја има мојата целосна поддршка“.
Се насмевна Ѓоковиќ му кажаа дека Стевановиќ ја прославила победата во негов стил, јадејќи трева.
„Хаха, фантастично! Не знаев дека јадела трева, се надевам дека ќе јадеме заедно“, поентираше Ѓоковиќ.
Natalija Stevanovic 🤝 @DjokerNole
— Wimbledon (@Wimbledon) June 29, 2023
There's just something tasty about our grass 🌱 🇷🇸#Wimbledon pic.twitter.com/ppiD144b3m
Ѓоковиќ во третото коло ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Вавринка и Ечвери, додек Стевановиќ ќе игра со Тамара Копрач.