Дома Фудбал Лига на шампиони Што смислил Алегри за вечерва, може ли Јувентус да го направи (не)возможносто?

Што смислил Алегри за вечерва, може ли Јувентус да го направи (не)возможносто?

alegri

Јувентус мора да направи подвиг, во спротивно ќе ја заврши сезоната. Останува да видиме што ќе смисли вечерва Алегри, но голем дел од фубдалската јавност смета дека вечерва Јувентус ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона.

Навивачите секако веруваат, но тешко е да се верува дека Атлетико може да си дозволи да прими три гола. Како што кажавме се случило само на 11 од скоро 500 натпревари колку што Симеоне е на клупата на Атлетико. Дополнително им оди во прилог што сега бранат резултат, а не почнуваат од „нула“.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Овој натпревар може да донесе и последици за Алегри. Зидан беше прв фаворит, но тој се врати во Реал, Гвардиола јасно кажа дека нема да го напушти Манчестер Сити, па Јувентус нема премногу опции. Како и да е тоа е некоја друга тема.

Вечерва во центарот на вниманието ќе биде Роналдо, тој беше вистински кошмар за Атлетико додека го носеше дресот на Реал, Португалецот е доведен токму за вакви натпревари. Навивачите сонуваат негов шести хет-трик против Симеоне, но како што самиот Роналдо кажа потребно е вечерва целиот тим на Јувентус да биде на највисоко ниво.

 

Алегри многу веројатно ќе го остави Дибала на клупата за резерви, отпадна и Даглас Коста. Би можел да игра 4-3-3 формација со Бернардески, Роналдо и Манџукиќ, иако постои можност да се обиде со 3-5-2 со Касерес покрај Бонучи и Киелини во задната линија.

Евентуален примен гол за Јувентус ќе биде голем проблем, па веројатна е варијантата „старата дама“ да игра мирно со надеж дека ќе постигне еден гол во првиот дел, па потоа во второто да се бркаат продолженија.

Од друга страна во Атлетико сигурно стравуваат од Роналдо, но Годин се опорави, ќе игра и Мората. Симеоне најави дека нема да играат бункер и ќе бараат гол бидејќи во тој случај на Јувентус ќе му биде потребен резултат од 4:1.

Во секој случај голем дел од работата Атлетико заврши на својата „Ванда“, а Јувентус ќе се обиде со подвиг да ја спаси сезоната во Европа, ако испаднат за нив практично сезоната ќе биде завршена со оглед на тоа дека во Серија А имаат предност од 18 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…