
Следниот натпревар на Денвер би можел да помине без најголемите ѕвезди на овој тим.
Џамал Мареј и Никола Јокиќ се под знак прашалник за натпреварот против Мемфис, што значително ги намалува шансите на овој тим за победа која би била важна во борбата за првото место во Западната конференција.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Јокиќ е под знак прашалник по повредата на грбот, постои шанси да го видиме на теренот, но тие не се големи, додека за Мареј можноста е уште помала. Натпреварот е на програмата вечерва од 2.00 по полноќ.
Јокиќ сезонава има просек од 26,1 поен, 12,3 скока и 9 асистенции по натпревар, а Мареј 20,9 поени, 4,1 скока и 6,7 асистенции.