Дома Фудбал Што се случува со најдобриот играч во светот?

Што се случува со најдобриот играч во светот?

modric

„Ќе го видиме ли конечно вистинскиот Лука Модриќ?“, запрашува новинарот Брендон Нето после уште еден блед настап на хрватскиот играч за врска.

Освојувачот на „Златната топка“ во споредба со неговите настапи од минатата сезона одигра уште еден подпросечен натпревар.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меси нема што да докажува, но неговиот настап против Еспањол изгледаше како силен одговор на неговото петто место во изборот за „Златната топка“. Од друга страна, добитинкот на оваа престижна награда уште еднаш не покажа ништо. Модриќ беше одлиќен, но само на крајот на минатата сезона. Повторно беше невидлив, а неговиот тим се мачеше во организацијата на играта“.

„Во моментот до излегувањето од игра беше седмиот играч по бројот на додавања помеѓу играчите на Реал (38), а имаше само шест допири повеќе од Тибо Куртоа (32)“, пишува Нето.

Поголемито број медиуми го оценија Модриќ со ниска оценка за вчерашниот настап. „Спорт360“ му даде само четворка, „Мундо Депортиво“ пишува дека не учествувал во играта и дека најдобриот момент му бил аплаузот од навивачите кога го напштал теренот.

„Марка“ пишува дека Модриќ паднал во второто полувреме, а читателите на мадритскиот весник го сместија на 10-тата позиција во изборот за најдобар играч.

Поради тоа во Мадрид се се повеќе загрижени за најдобриот играч во светот кој од Светското првенство игра далеку под очекувњата. Тие и понатаму се надеваат дека причината за неговите лоши настапи се доцните припреми и напорната претходна сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…