Победата над Манчестер Сити го одведе Шахтјор во осмина финалето, но пресконференцијата по натпреварот беше сè, само НЕ обична.
„Ова е највеселата пресконференција на која сум бил во текот на мојата кариера. Пресреќен сум. Се надевам дека горди се, не само навивачите на Шахтјор, туку и останатите Украинци“, изјави тренерот на Шахтјор Пауло Фонсека, по победата над Манчестер Сити од 2:1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалскиот стратег на клупата на Шахтјор пред новинарите дојде облечен како Зоро, ги насмеа сите околу себе и на тој начин го исполни ветувањето дадено на 1. ноември оваа година.
„Ако мојот тим се пласира во осмина финалето, на последната пресконференција ќе дојдам облечен како мојот херој од детските денови, Зоро“, изјави тогаш Фонсека.