Некогаш еден од најдобрите англиски фудбалери Деле Али кој со успех во минатото го носеше дресот на Тотенхем кај Покетино изгледа ќе го напушти Евертон после само шест месеци, пренесуваат медиумите на Островот.
Во јануарскиот преоден рок после седум години Деле Али го напушти Тотенхем и се пресели во Евертон кој после лошата епизода со Рафа Бенитез се обиде да направи исчекор со Френк Лампард.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Евертон има сезона за заборав и се бори за опстанок, а Али не започна ниту еден натпревар за Евертон и клубот нема намера да го задржи. Поради тоа се очекува на крајот од сезоната да го пушти за оштета од 20 милиони фунти. Сепак, прашање дали некој клуб е спремен да плати толку за Деле Али.
Чудно звучи за играч кој во сезоната 2016/2017 постигна 22 гола, а оваа одигра само девет натпревари и не се запиша во листата на стрелци.