Дома Фудбал Англија Што зборува Мурињо?! – Цела Англија ја чека реакцијата на Ибра по оваа изјава на Жозе!

Што зборува Мурињо?! – Цела Англија ја чека реакцијата на Ибра по оваа изјава на Жозе!

Португалецот има јасен план.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо смета дека Златан Ибрахимовиќ сеуште не е доволно спремен да биде стартер и дека повремено ќе добива прилика.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Златан не е сеуште спремен, мораме да одиме чекор по чекор, минута по минута, од натпревар во натпревар. За сега е најдобро да игра 15, 20 минути, без разлика дали водиме или губиме тој е фудбалер кој со својот квалитет може да допринесе. Златан е еден опција повеќе бидејќи невозможно е Лукаку да игра на секој натпревар. И да кога ќе кажам дека Златан е втора опција, тогаш е втора опција“, изјави Мурињо.

Познато е дека Ибрахимовиќ е фудбалер кој не ја прифаќа улогата на „втор“. Така беше во ПСЖ каде што Кавани поради него мораше да игра по крилната позиција, а единственото место каде што мораше да се помири со тоа да не биде главен беше во Барселона каде што беше во сенка на Лионел Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атлетико Мадрид премина во сопственост на Американци!

Шпанскиот Атлетико Мадрид објави дека од следната година мнозинскиот сопственик на клубот …