Дома Останати Авто Мото Што зборуваше Хамилтон за заштитниот систем пред пет години?

Што зборуваше Хамилтон за заштитниот систем пред пет години?

Трката за Големата награда за Италија ја обележи сударот помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон.

Сударот на двајцата најдобри возачи оваа сезона се случи во 28. круг кога Верстапен направи грешка и удри во Хамилтон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Двајцата беа приморани да ја прекинат трката, а Хамилтон беше лут на својот ривал кој подоцна доби казна за овој потег. Набрзо потоа се појавија фотографии на кои може да се види како тркалото на болидот на Верстапен е над главата на Британецот.

Заштитниот систем Хало веројатно го спаси животот на Хамилтон, а интересно е што пред пет години Хамилтон одбиваше да биде вграден во неговиот болид.

„Се надевам дека ние возачите ќе избираме дали сакаме да биде или не во нашиот болид. Сигурно можам да ви кажам дека не го сакам. Се надевам дека нема да биде обврска затоа што е голема промена. Знам дека е ризично без него, но во тоа е и дел од убавината на овој спорт. Попрво би ризикувал и би возел без него“, изјави Хамилтон тогаш.

Денес тешко дека стои на истиот став…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Тешко е да ја препознаете: Еве како изгледа Мото ГП патеката во Валенсија по поплавите 🎥

Oд големите поплави во Валенсија уништена е и тркачката патека Рикардо Тормо во Мото ГП. Д…