Тотенхем синоќа убедливо ја победи Звезда.
Тимот на Покетино славеше со 5:0 и конечно оваа сезона го покажа својот напаѓачки потенцијал, по навистина неколкуте тешки недели. По натпреварот аргентинскиот стратег смета дека ова се само три бода, но поради петте гола ги наградил своите фудбалери.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Задоволен сум, бидејќи победата дојде во вистинско време. Не се чувствувам одлично, бидејќи ова е само еден натпревар и само три освоени бода. Ни беше потребна победа за да добиеме самодоверба. Ова е одличен начин за тоа. Играчите утре ќе добијат слободен ден, бидејќи постигнавме пет гола“, изјави Покетино.
Сепак, навивачите на овој тим се надеваат дека наскоро ќе се вратат на победите и дека Тотенхем ќе се врати на врвот во Премиер лигата.