Дома Останати Ракомет Што гледаше организаторот!? Словенија постигна 51 гол, а играчот на мечот постигна само еден гол!

Што гледаше организаторот!? Словенија постигна 51 гол, а играчот на мечот постигна само еден гол!

Словенија вчера на фуриозен начин го отвори својот настап на Светското првенство победувајќи ја Јужна Кореја со убедливи 51:29.

Словенците постигнаа дури 51 гол. Гајиќ постигна 10 гола, Јанц девет, а Мачовшек пет, но повеќе од чудна ситуација следуваше кога се прогласуваше играчот на Мечот. Миха Зарабец имаше само еден гол од два обиди, а на крајот тој го однесе признанието за најдобар играч на мечот. Во моментот кога Зарабец беше прогласен за најдобар играч неговите соиграчи не можеа да не се смеат поради таквата одлука. И самиот Зарабец беше во благ шок.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Очигледно некој од редовите на организаторите направи голем пропуст и тоа е само продолжувањето на бизарностите кои се случуваат на ова СП како последица на лошата организација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…