Дома Фудбал Лига на шампиони Што би кажале на овие бројки оние кои тврдат дека Меси не може да игра во Англија?

Што би кажале на овие бројки оние кои тврдат дека Меси не може да игра во Англија?

Приказната дека Меси не би можел да игра во Премиер лигата постои од поодамна, оние кои сметаат дека е така тврдат дека фудбалот кој се игра на Островот не би му одговарал, но интересно би било да се слушне коментарот на тие луѓе кога ќе им се кажат следниве бројки.

Меси вчера со два гола против Ливерпул обезбеди одлична предност на Барселона пред реваншот во Англија, токму класата на Аргентинецот направи разлика.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Тој стигна до 600 голови во кариерата, а приканите дека полесно е да се постигнува голови во Шпанија, посебно во Барселона која игра напаѓачки често пати се појавуваат во медиумите на Островот.

Наводно, Меси би имал проблем со грубите и цврсти одбрани во Премиер лигата.

Меѓутоа за Меси да докаже може можеби не е потребно да игра во Премиер лигата, доволно е да се погледнат бројките во Лигата на шампионите.
Аргентинецот верувале или во натпреварот против топ шест тимови во Премиер лигата постигнал 26 голови во Европа!

Сега да се вратиме на бројките од Премиер лигата, единствени поефикасни од него од оние кои играат во Англија од недела во недела се Агуеро со 43 гола и Варди со 31. Сите останати напаѓачи во ПЛ постигнале помалку голови од Меси против тимовите од големата шесторка во Англја.

Пример, Крауч постигна 23, Хери Кејн 22 гола…На Овие податоци не треба никакво посебно објаснување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Олмо погоди, Шпанија доаѓа во водство🎥

После израмнетото прво полувреме каде двете репрезентации ги одмеруваа силите Шпанија доаѓ…