Тимот на Шкупи денес ги започна квалификациите за Лигата на Европа.
Шкупи играше против Пјуник на гостински терен и не беше фаворит, но на крајот беше блиску до победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пјуник до водство стигна уште во четвртата минута, но Шкупи преку Бајрами во 26-та и Илиески во 43-тата минута направи пресврт и поведе од 1:2, тоа беше и резултатот со кој се заврши првото полувреме.
На истекот на точно еден час Бајрами го постигна вториот гол и зголеми на 1:3 за одлична предност на македонскиот тим.
Домаќинот на 2:3 намали во 80-тата минута, а само пет минути подоцна стигнаа до изедначување.
Шкупи може да жали што прокоцка одлична предност пред реваншот во Скопје, но и ова реми оди во прилог на македонскиот претставник.