Дома Македонски спорт Штета: Словенија денес можеше да се победи!

Штета: Словенија денес можеше да се победи!

Македонската репрезентација денес беше блиску до изненадување, но сепак Европското првенство го стартуваме со пораз. Словенците денес не изгледаа како репрезентација која не можеме да ја победиме, сепак за жал тоа не го искористивме.

Одличен старт имаа момците на Лазаров, игравме добра одбрана, а нападот реализираше, па така поведовме со 0:3. Словенците после четири минути игра го постигнаа првиот гол, за во следниот напад ние одново да реализираме за 1:4.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во тој момент Словенија успеа да се „собере“ по лошиот старт и да почне да ја наметнува својата игра. Следуваше една серија од 6:0 со која поведоа со 7:4.

По тајм-аутот кој го повика Лазаров ние повторно почнавме да играме добро, од голема помош беше Томовски кој не дозволуваше Словенија да се „одлепи“ кога немаше да реализираме. До изедначување дојдовме на 8:8. Следуваше по некој промашен напад и кај нас и кај Словенија, па во последните пет минути влеговме со 10:10. Во тој момент селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш го повика првиот тајм-аут.

По тој тајм-аут ние не постигнавме гол до крајот на првиот дел. Добро е што Томовски продолжи да биде на високо ниво, па Словенија на полувреме замина со 13:10.

Второто полувреме добро го започнавме веднаш постигнавме брз гол и намаливме на 13:11. Следуваа по еден гол на двете страни, а потоа една нова серија на Словенците од 3:0 за 17:12.

Томовски продолжи онаму каде што застана во првото полувреме, па тој беше најзаслужниот што Словенија не правеше поголема предност. Неговите одбрани ни овозможија да се вратиме на -2. Можеше да биде и подобро, меѓутоа грешевме во нападот. Во еден период од ова второ полувреме дури седум минути бевме без гол.

На осум минути до крајот беше 23:21, а Томовски ја запиша неговата 13-та одбрана. Веќе во следниот напад преку Цветан Кузмановски целосно се вративме во игра Словенија водеше со само еден разлика 23:22. И тука одново застанавме во нападот не реализиравме два напади, па Словенците дојдоа на 25:22 во 54-тата минута.

На нешто помалку од две минути до крајот Словенија имаше +2 и напад, не се одбранивме, па тука веќе беше јасно дека нашите грешки ќе донесат победа за Словенија во овој прв натпревар. Конечнит резултат на крајот гласеше 27:25.

Најефикасен на натпреварот беше Цветан Кузмановски со 8 погодоци. Филип Тлаески постигн 5, Филип Кузмановски запиша 4 гола, а Мартин Томовски блескаше со 14 одбрани. За играч на мечот беше прогласен словенечкиот голман Јозе Блажник кој имаше 12 одбрани. Кај Словенците најефикасни Доленец со 5, Благотиншек со 4 гола, а по 3 дадоа Јанц и Кодрин

Следниот натпревар Македонија го игра со Црна Гора во сабота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…