Имавме добра игра, но не отворивме онака како што посакувавме, Романија во Букурешт не победи со 3:2
Добро започнавме, уште во почетните минути создадовме одлична прилика, но Несторовски не снајде во шеснаесетникот. Пропуштените шанси Романците ги казнија после една наша грешка и невнимание во одбраната. Кирикеш пронајде „дупка“ и го проигра Танасе кој излезе „еден на еден“ со Димитриевски. Веднаш по голот на Романците следнуваа неколку добри прилики за нас, Елмас ја имаше најголемата, за жал изостана реализацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После пет минути игра во второто полувреме, 21 годишниот фудбалер на Парма Михаила oдлично шутираше од далечина и зголеми на 2:0.
— Stefan (@StefanDaskalov) March 25, 2021
Кога се изгледаше дека Романија ќе дојде до сигурна победа од 2:0. Блеснаа Адеми и Трајковски со два гола во 60 секунди. Прво Адеми со глава погоди по нафрлувањето од Алиоски, а само 60 секунди подоцна Трајковски го искористи додавањето од Барди.
— Stefan (@StefanDaskalov) March 25, 2021
Тој блесок за жал не го искористивме. Хаџи во 86. минута го врати водството на домаќините 3:2.
Hagi winner for Romania tonight. pic.twitter.com/2pS1EplED3
— Rangers Culture (@RangersCulture) March 25, 2021
Следниот натпревар Македонија го игра во недела, дома против Лихтенштајн.