Арпад Штербик четврта сезона го брани голот на Вардар, голманска легенда која се уште трае и освојува како трофеи, така и индивидуални признанија зад своето име. Избран за најкорисен играч на последниот завршен турнир во Келн, на кој Вардар успеа да ја освои Лигата на Шампионите, за прв не само во својата историја туку и во историјата на македонскиот ракомет. Секако дека големи заслуги се препишуваат на Арпад Велики, кој по завршување на оваа сезона се сели во екипата на Веспрем, каде и ќе ја заврши својата богата играчка кариера. Во интервју за срспкиот медиум „Спортклуб“, Арпад говори за годините поминати во Скопје и љубовта на луѓето спрема ракометот во Македонија.

-Луѓето во Македонија го сакаат ракометот. Го сакаа уште пред Сергеј Самсоненко да го превземе Вардар и да застане на чело на амбициозниот проект. И машкиот и женскиот клуб ги подигна на едно големо ниво и луѓето тоа знаат да го ценат. Среќни се и задоволни што во својот град и држава имаат две такви екипи. Навистина е убаво да се видат децата во публика, сите сакаат да тренираат ракомет. На кампот кој го организира Кирил Лазров нема место, секогаше е преполн со млади деца. Среќен сум поради фактот што некои деца можеби и поради нас, кои сме во клубов последниве три, четири години, избрале да тренираат ракомет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


vardarfans-tekst

Вардар оди по патот, по кој чекореше и минатата сезона и успеа да освои дури четири трофеи. Веќе првиот ќе имаме можност да го браниме за месец дена, кога во Скопје ќе се одигра завршниот турнир во СЕХА-лигата, а Вардар истовремено ќе го чека и својот противник во 1/4 на ЛШ.

-Засега се оди според пласнираното. Први сме во СЕХА-лигата, каде не очекува завршниот турнир, а лидерската позиција ја обезбедивме и во една од најсилните групи во Лигата на Шампионите. Сите сме професионалци и маскимално сериозно си ја вршиме својата работа. Имаме месец дена да се одмориме, да се подготвиме добро и да го дочекаме противникот во четврфиналето на ЛШ. 

Арпад е среќен што децата во иднина во него се гледаат самите себе и сакаат да бидат, Штербик, Шариќ и.т.н.

-Искрено не знам колку ме сакаат, но сигурен сум дека многу ме мразат. Го знам тоа од искуство. Нормално е искрените луѓе да се радуваат на туѓ успех, а мене ми е мило што децата во Србија ме следат и што еден ден сакат да бидат Арпад Штербик, Даниел Шариќ или некој трет голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…