Дома Македонски спорт Мак ракомет Штербик го предводи тимот на колото во ЛШ

Штербик го предводи тимот на колото во ЛШ

Голманот на Вардар, Арпад Штербик, го предводи идеалниот тим на првите четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите. Тој блескаше во победата на Вардар, во „Фленс арена“ и со своите одбрани го предводеше тимот до победата 26:24.

Штербик против Фленсбург имаше 16 интервенции, односно одбрани 40 отсто од ударите кои одеа кон неговиот гол. ЕХФ голманот на Вардар го смести во идеалниот тим на првите четвртфинални натпревари.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во тимот се уште и левото крило и левиот бек на ПСЖ, Уве Генсхајмер и Никола Карабатиќ, средниот бек на Веспрем Арон Палмарсон, десниот бек и десното крило на Кил Марко Вујин и Никлас Екберг, односно пивотот на Монпелје Лудовик Фабрегас.

Покрај Штербик, во изборот на ЕХФ, се најде и Тимур Диборов во категоријата „Најубави потези на колот“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…