Продолжува случајот „Роналдо – Мајорга“, иако вчера се појави вест дека доказите во Лас Вегас полека исчезнуваат, се појавија нови неповолности за Португалецот.
Германски „Шпигел“, медиумот од кого сето ова започна сега тврди дека постои голем доказ кој би бил од корист на Американката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Шпигел“ објави дека постои документ лично потпишан од Португалецот на кој пишува дека и исплаќа на Мајорга сума од 375.000 долари за целиот случај да не заврши во јавноста.
Доколку навистина постои вакво нешто тоа би можело да ја промени целата ситуација и Роналдо тогаш навистина би бил во сериозни проблеми.
Сепак, она што е добро за Роналдо е што не е познато дали судот во Лас Вегас ќе го земе во предвид тоа што адвокатите на Мајорга го нарекуваат сериозен доказ.