Дома Фудбал Останато Шпанците ја открија вистинската причина зошто Реал Мадрид го продаде Роналдо

Шпанците ја открија вистинската причина зошто Реал Мадрид го продаде Роналдо

Трансферот на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус и понатаму е тема на спортската јавност, а многумина се обидуваат да дознаат зошто кралскиот клуб така лесно го пушти својот најдобар играч.

Роналдо во Реал Мадрид играше девет сезони и осови се што можеше, но многумина веруваат дека уште неколку сезони можеше да игра на врвно ниво во Реал. Сепак, претседателот Флорентино Перез одлучи да ја прифати понудата на Јувентус од 100 милиони евра, бидејќи желбата на Роналдо била да си оди во Торино.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Меѓутоа, шпанските медиуми сметаат дека во Реал добро размислиле пред конечната одлука и сфатиле дека продажбата на Роналдо е најдоброто решение. Реал заработи 100 милиони евра и е во плус 87 милиони евра, откако што од Лион го вратија Мариано кој се смета за замена на Роналдо.

Перез со своите соработници одлучиле дека за Реал е најдобро да го продаде Роналдо, бидејќи во тој случај ќе профитира 87 милиони евра, додека неговото останување би ги чинело многу пари. За Роналдо годишно издвојуваа околу 40 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите што се навистина многу пари.

Од другата страна, за Мариано веруваат дека може да го замени Роналдо, а тој годишно би ги чинел 34 милиони евра помалку од Роналдо. Изгледа дека заминувањето на Роналдо повеќе и не е толку изненадување, односно одлуката на „Кралевите“ да го пуштат така лесно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Златан Ибрахимовиќ се почасти за роденден: Купил „ѕвер“ за 900.000 евра (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ, советник на Милан, на оригинален начин си го честиташе 43. роденден. Н…