Дома Топ вести Шпанците ја откриваат последната понуда на Барса за Нејмар – клучен е Ракитиќ

Шпанците ја откриваат последната понуда на Барса за Нејмар – клучен е Ракитиќ

Барселона има уште пет дена да го договори сензационалното враќање на Нејмар на „Камп Ноу“.

Пред неколку недели изгледа невозможно Барса да ги задоволи апетите на ПСЖ, но како што преодниот рок се наближува кон крајот клубот од Париз изгледа сфаќа дека мора да се ослободи од Нејмар. Шпанските медиуми се убедени дека до трансферот ќе дојде, па денес објавија скоро иста насловна страна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кога започна да се пишува за можноста Нејмар да направи трансфер, наводно во ПСЖ барале 222 милиони евра без било какви играчи или позајмици. Барселона тоа не можеше да го исполни и нудеше разни комбинации и во кои вклучувани беа дури четири играчи, меѓутоа ПСЖ беше доследен на своите барања.

Сепак, во финишот на преодниот рок започна да ги интереси понуда која ги вклучува Иван Ракитиќ и Осман Дембеле и дополнителни 125 милиони евра. Дембеле би бил испратен на едногодишна позајмица, додека Ракитиќ би потпишал перманентен договор. Според „Спорт“ Ракитиќ е клучниот играч бидејќи ПСЖ покажал интерес за Хрватот.

Тука проблем можем да биде желбата на Дембеле и Ракитиќ, наводно и на едниот и на другиот не му се заминува од Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…