Кристиано Роналдо ова лето после цели девет сезони реши дека е време за нов предизвик во кариерата, па многумина се изненадија што се одлучи за дресот на Јувентус.
Со месеци низ медиумите се шпекулираше дека Роналдо може да заврши во Манчестер Јунајтед и ПСЖ, кои беа најзаинтересирани за неговиот потпис.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Поради тоа неговиот трансфер во Јувентус беше големо изненадување, а угледниот весник „Марка“ пренесува дека Портуаглецот можел да заврши во Италија, но во друг дрес.
Имено, мадридскиот весник пишува дека прв клуб кој испратил официјална понуда за Роналдо е Милан, кој понудил 150 милиони евра.
„Росонерите“ наводно биле во интензивни преговори со неговиот менаџер Жорге Мендеш, но Роналдо едноставно одбил да се пресели на „Сан Сиро“ поради неможноста да игра во Лигата на шампиони со Малан.
Revealed: #ACMilan tried signing #Ronaldo in January https://t.co/78Ni1i4KqA pic.twitter.com/OUyji2OTQt
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) August 21, 2018