Дома Фудбал Шпанските медиуми: Роналдо под истрага поради затајување данок!

Шпанските медиуми: Роналдо под истрага поради затајување данок!

Како што пренесува шпанското радио „Кадена Сер“, ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо во период помеѓу 2011 и 2014 година наводно затаил 8 милиони евра данок, поради што случајот е проследен во Оделот за финансиски криминал во Мадрид.

За сега не е познато дали обвинителството ќе покрене обвинение против Роналдо, бидејќи поради комплексноста на шпанските закони сеуште не е јасно дали Португалецот направил кривично дело. Она што е сомнително е што Роналдо своите пари ги чувал на Девствените острови, познат даночен рај.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога почнаа истрагите против одредени фудбалери во Шпанија, Роналдо наводно одлучил да ги регулира своите финансии во странство. Поради тоа обвинителите се поделени дали против него треба да биде покренато обвинение или не.

„Кадена Сер“ тврди дека случајот на Роналдо многу се разликува од случајот на затајување данок на Лео Меси, бидејќи и после почетокот на истрагата Аргентинецот се обидувал да ги сокрие своите финансии, додека Роналдо соработувал со властите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…