Дома Останати Ракомет Шпанецот го напушти РК Вардар, продолжува во Косово

Шпанецот го напушти РК Вардар, продолжува во Косово

Само три месеци траеше соработката меѓу 33-годишниот Виктор Алонсо Гарсија и ракометниот клуб Вардар 1961.

Нема потврда од 15-кратниот македонски шампион и двократен европски првак, но има официјална информација од косовскиот Раховеци кој го потврди трансферот на шпанскиот десен бек.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


И претходно настапуваше во Косово за екипата на Беса Фамгасин со која двапати беше шампион на таа земја.

Играше и за познати европски клубови како Портланд Сан Антонио, Адемар Леион и Кретеј.

Денеска скопските „црвено-црни“ ги очекува нов натпревар во домашната Супер лига, на домашен терен во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ од 19.30 часот ќе играат против РК Бутел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Јапонецот кој блескаше во Вардар потпиша за Охрид!

Eкипата на Охрид потврди големо засилување во своите редови, потпиша со Јапонецот Коуске Ј…