Вчера беа направени тестирања за Ковид 19 на фудбалерите на двата тетовските прволигаши Ренова и Шкендија, а денес пристигнаа лоши вести.
Резултатите, по тестирањата, кажуваат дека има четворица позитивни на Ковид-19 од ФК Ренова и двајца од ФК Шкендија. Имињата не се спомнуваат, но двата клуба кои ги откажаа денешните тренинзи, а лицата се ставени веднаш во карантин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„По вчерашните тестирања во двата тетовски клуба имаме позитивни случаи на ковид-19. По повторената анализа во лабораторијата на Аџибадем Систина инфицирани се шест фудбалери. Информацијата ја имавме уште доцна синоќа, но чекавме повторена анализа. Затоа денешните тренинзи на овие два клуба беа откажани. Имињата на заразените се уредно доставени до Ренова и Шкендија во текот на денот. Позитивните на ковид-19 веднаш ќе бидат ставени во самоизолација и домашен карантин. Четворица позитивни има во таборот на Ренова и двајца во таборот на Шкендија. Утре продолжуваме со тестирање и на другите тимови од првата Македонска лига“, информираат од Синдикатот на фудбалери на Македонија.