Дома Фудбал Германија Шок на тренингот на Баерн: Ковач помислил дека ѕвездата на тимот добил срцев удар! (ФОТО)

Шок на тренингот на Баерн: Ковач помислил дека ѕвездата на тимот добил срцев удар! (ФОТО)

На тренингот на Баерн Минхен утрово имало шокантен момент кога многумина помислиле дека ѕвездата на тимот добила срцев удар.

Станува збор за францускиот репрезентативец Корентин Толисо кој во еден момент легнал на подот и се фатил за срцето.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Толисо не бил добро неколку секунди, а тренерот Нико Ковач веднаш го прекинал тренингот и ги повикал докторите. До Французинот дошол докторот Питер Уеблекер кој го прегледал и заклучил дека за среќа не станува збор за нешто сериозно.

Реномираниот „Билд“ пренесува дека Толисо се чуствува добро и дека тоа било момент на непријатност кој траел неколку минути. Сепак поради претпазливост Толисо не го завршил тренингот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ракитиќ презема важна функција во Хајдук

Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит соопшти денес дека поранешниот репрезентативец на Хрватск…