Дома Фудбал Италија ШОК: Интер му ја одзеде капитенската трака на Икарди, нов капитен е Хандановиќ!

ШОК: Интер му ја одзеде капитенската трака на Икарди, нов капитен е Хандановиќ!

Како гром од ведро него одекна веста дека Интер му ја одзеде капитенската лента на Мауро Икарди и за нов капитен на тимот го назначи Самир Хандановиќ.

Миланскиот клуб попладнево преку официјално соопштение извести дека нов капитен на тимот ќе биде Самир Хандановиќ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Фудбалскиот клуб Интер соопштува дека нов капитен на тимот ќе биде Самир Хандановиќ“, стои во соопштението.

Клубот веќе подолго време има проблем со Икарди околу продолжување на неговиот договор, а неодамна капитенот преку социјалните мрежи и директно ги нападна навивачите.

Тренерот Спалети призна дека има проблем и го повика раководството што побрзо да се реши бидејќи тоа влијае на односите во соблекувалната и на резултатите на теренот.

Раководството на Интер се одлучи за радикално решение и му ја одзеде траката на Икарди, а за нов капитен на тимот го назначи Самир Хандановиќ.

Останува да видиме како ова ќе се одрази на тимот, но пред се на самиот Икарди, кој во последно време игра непрепознатливо и јасно беше дека има проблеми во клубот.

Неговата сопруга и менаџер Ванда Нара веќе неколку месеци е во преговори со раководството за нов договор, но двете страни никако не можат да најдат заеднички јазик.

Голгетерот има договор со „нероаѕурите“ до 2021 година, но јасно е дека после ваквиот потег на лето најверојатно ќе ја промени средината бидејќи многу европски гиганти се интересираат за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бизарно: На хрватски клуб му ја украдоа косилката – немаме пари за нова!

Фудбалскиот клуб Градиќи, учесник во 4. НЛ Средиште, остана без трактор-косилка, која е не…