Ништо од намерата Игало да остане на Олд Трафорд.
Имено, иако од клубот се надеваа дека Шангај ќе се согласи Игало во текот на летото да ја продолжи позајмицата и остане до крајот на сезоната во Јунајтед, Кинезите не попуштаат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шангај му даде налог на Игало до крајот на месецот да се врати во клубот, да помине двонеделен карантин и да се врати на подготовките за продолжување на кинеската лига.
Тоа нема да му се допадне на Нигериецот, но нема избор. Јунајтед и натаму е несигурен кога во прашање е неговиот договор. Тој се надеваше дека ќе ја заврши сезоната на Олд Трафорд, но на хартија е се јасно, позајмицата е до 1. јуни.
Игало е платен 4 милиони, позајмица до летото, но пандемијата ги ограничи неговите натпревари до почетокот на март.
Тој има плата од 130.000 фунти, Кинезите го доплаќаат останатото, но Шангај му понуди продолжување на договорот, заработувајќи неверојатни 2 милиони евра месечно.