Лионел Меси е во центарот на вниманието овие денови поради острите обвинувања кон Конмебол за фаворизирање на Бразил на Копа Америка.
Бразил вчера стана шампион на Јужна Америка, а Меси и друштвото од „Кариоките“ беа елиминирани во полуфиналето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После тој натпревар Аргентинците предводени од Меси тврдеа дека судијата Замбрано ги оштетил за два пенали. Меси не се смири ниту откако Аргентина го освои третото место.
Во натпреварот за трето место Аргентина го победи Чиле, а првата ѕвезда после натпреварот одби да го прими медалот за трето место.
„Одбив да го примам медалот бидејќи не сакам да бидам дел од оваа корупција. Но, не сакам да се потсетувам на тоа, туку на позитивниот начин на кој Аргентина го заврши настапот на Копа Америка“, гласеше изјавата на Меси.
Поради оваа негова изјава Конмебол може жестоко да го казни, барем така најавува „АС“.
Еден од најпознатите шпански медиуми објави дека Меси поради ваквите коментари со кои го руши реномето на конфедеранцијата и Копа Америка може да биде суспендиран на две години од дресот на „Гаучосите“.
Доколку тоа навистина се случи Меси би го пропуштил новото издание на Копа Америка наредното лето и квалификациите за Мундијалот во Катар кој се игра во 2022 година.
? [AS] | Messi facing possible two year ban for CONMEBOL corruption comments
? The federation may take matters into their own hands after Messi’s outburst.
? Messi could miss not just the qualification for World Cup 2022, but also the Copa América 2020 in Argentina. pic.twitter.com/lJr1KeExmV
— BarçaTimes (@BarcaTimes) July 7, 2019