Дома Фудбал Репрезентации Шок за Белгијците: Куртоа ја напуштил репрезентацијата?!

Шок за Белгијците: Куртоа ја напуштил репрезентацијата?!

Во саботата репрезентацијата на Белгија одигра 1:1 против Австрија, а по овој натпревар се случила една неверојатна ситуација.

Имено, голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа одлучил по овој дуел да си замине дома, а не во тренинг кампот со останатите репрезентативци. Белгиските медиуми известуваат дека тој се разочарал затоа што не бил капитен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кевин Де Брујн беше отсутен, па така требало да има два капитени за дуелите со Австрија и Естонија. На натпреварот со Австрија, капитен беше Лукаку, додека Куртоа требало да ја носи капитенската лента со Естонија.

Но, одличниот голман не бил задоволен од одлуката и си заминал. Овва секако може да биде проблем во репрезентацијата затоа што Куртоа важи за еден од најважните во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ударна вест: Челси ќе го отпушти Мареска поради раздор!?

Ударна вест од Лондон! Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, би можел да го загуби своето мест…