Според последните информации од Островот, Кевин Де Брујн ќе го напушти Манчестер Сити и ќе се пресели во Саудиска Арабија.
Така по цели девет години може да дојде до разделба помеѓу Белгиецот и гигантот од „Етихад“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Брујн неодамна изјави дека во случај на некоај голема понуда од Саудиска Арабија ќе размисли за својата иднина, а оваа информација пристигнува како надополнување.
Наводно тој веќе има договор со тимот на Ал Итихад каде што веќе се фудбалери како Бензема и Канте.
Се што преостанува е саудискиот клуб да се договори со Манчестер Сити околу оштетата. Ако Де Брујн ја прифати понудата и притисне тогаш Сити не би имал многу избор.