Дома Останати Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанскиот тенисер Карлос Алкараз за местење натпревари.

Салцман го обвини еден од најдобрите тенисери во светот дека намерно губел гемови на првите два меча на турнирот во Мадрид и тоа против Александар Шевченко и Јан – Ленард Штруф.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Многу луѓе го сакаат т.н обложување во живо. Кога ќе дојде до потенцијално последниот гем на мечот се уплаќаат големи суми бидејќи тоа е последниот облог. Имаме голем турнир на земја во родната Шпанија на Алкараз, цела земја навива за него, се обложува на него. Имајќи ги во предвид коефициентите на тоа дека Алкараз ќе изгуби гем се многу големи и може да се дојде до голема заработка. Практично парите на сите шпански навивачи на Алкараз завршиле во рацете на измамници“, изјави Салцман.

Инаку Салцман испратил допис до раководството на турнирот во Мадрид, потоа во АТП, Тениската федерација на Шпанија како и до Обвинителството на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ не запира, сруши и уште еден рекорд!

Најуспешниот и по многумина најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно по…