Aвстриецот Давид Алаба кога е подготвен важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот, но веќе долго време е надвор од терените.
Алаба кој е и капитен на австриската репрезентација требаше да се врати месецев, но во шпанските медиуми се пишува дека се појавиле компликации околу неговата ситуација.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најдалеку отиде „Онда Серо“ кој пренесува дека дефанзивецот на „кралевите“ би можел да ја заврши кариерата.
„Постојат стравувања дека Алаба нема да се врати на фудбалот. По секој тренинг чувствува силна болка затоа што му е истрошена рскавицата на коленот о и поради тоа доаѓа до триење на двете коски“, пишува медиумот.
Последен пат Алаба за Реал Мадрид настапи на 17 декември минатата година против Виљареал.