Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија против Тотенхем во Скопје, ако го мине Ботошани

Шкендија против Тотенхем во Скопје, ако го мине Ботошани

Денес во Нион беше одржан ждребот за третото коло од квалификациите во Лига Европа.

Ждребот сакаше Шкендија во третото коло за противник да го добие Тотенхем во Скопје, ако успее да го елиминира Ботошани во второто коло.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Клубот од Тетово на 17 септември му гостува на Ботошани во Романија, а сега ќе има мотив повеќе за пласман во третото коло каде ќе го нагости тимот на Жозе Мурињо.

Тотенхем во второто коло ќе игра против Локомотив Пловдив и се очекува без поголеми проблеми да се пласира во 3-то коло.

Ренова ако успее да го помине сплитски Хајдук во третото коло исто така ќе игра против европски гигант, Галатасарај кој е голем фаворот против Нефчи.

Што се однесува пак до Силекс, можни противници за Кратовчани доколку го поминат тимот на Дрита, се Селтик од Шкотска, Судува од Литванија, како и Легија Варшава од Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…