Дома Македонски спорт Мак фудбал Шилегов: Вардар е приватен клуб, не можам да го преземам со 3.5 милиони евра долг

Шилегов: Вардар е приватен клуб, не можам да го преземам со 3.5 милиони евра долг

Ситуацијата во Вардар и понатаму не е решена, клубот е пред испаѓање во втората лига, но она што повеќе загрижува е финансиската состојба која е очајна.

Се споменуваше дека Вардар може да биде вратен на Град Скопје, но градоначалникот Петре Шилегов во изјава за „Сител“ уште еднаш потврди дека тоа нема да се случи. Шилегов нема намера градот да го преземе клубот со долг од 3.5 милиони евра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Вардар е приватен клуб. Некој одлучил да го продаде, а не нашол механизам како да се покријат трошоците. Јас не можам да го земам клубот со долг од 3,5 милиони евра“, изјави Шилегов.

Се најавуваше и голема инвестиција од Катар и според зборовите на Шилегов таа приказна не е затворена.

„Инвестицијата од Катар не е затворено прашање. Се додека не добиеме гаранција за враќање на средствата, повторувам дека нема да го земеме“, посочи „таткото на градот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…