Дома Фудбал Репрезентации Шеиците сакаат Катар да игра на отварањето на Мундијалот, ФИФА ќе им ја исполни желбата?

Шеиците сакаат Катар да игра на отварањето на Мундијалот, ФИФА ќе им ја исполни желбата?

Meсто на 21. ноември како што беше планирано Светското првенство во Катар би можело да започне еден ден порани, пренесуваат бројни светски медиуми.

Организаторите сакале Катар да биде репрезентацијата која ќе го отвори Мундијалот, а не како Светското првенство да започне со мечот Сенегал – Холандија како што е сега по распоредот. Според сегашната програма на 21. ноември турнирот ќе биде отворен во 13:00 часот со дуелот на Холанѓаните и Сенегалците, а потоа од 16:00 часот треба да играат Англија Иран, а од 19:00 Катар – Еквадор.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сега шеицте сакале Мундијалот да се отвор исо нивната репрезентација и испратиле барање до ФИФА стартот да биде поместен за еден ден и Катар и Еквадор да играат на 20. ноември од 19:00 часот.

За се да биде официјално треба управниот одбор на ФИФА да го прифати ова барање, но се најавува дека нема да има проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…