Дома Фудбал Италија Шевченко пред дуелот со Милан: Ќе се обидам да ги задржам емоциите

Шевченко пред дуелот со Милан: Ќе се обидам да ги задржам емоциите

Вечерва Џенова ќе игра против Милан, а тоа ќе биде посебен натпревар за Андреј Шевченко кој е играчка легенда на „росонерите“.

Шевченко ќе ја води Џенова во својот втор натпревар и тоа повторно против тежок противник откако во минатото коло доживеа пораз од Рома.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Секогаш ќе навивам за Милан, но не сега. Секако, воодушевен сум од натпреварот во Милан, но ќе се обидам да ги задржам своите емоции. Ќе се обидеме да го збуниме Милан. Противникот игра добро и напаѓачки, а тоа ни кажува дека мораме да бидеме максимално внимателни“.

„Не се жалам, не барам алиби, но многу ќе ни недостасуваат нашите повредени играчи. Кришито, Дестро, Каиседо, се клучни играчи на Џенова“, додаде популарниот Шефа.

Дуелот помеѓу Џенова и Милан се игра во вечерва од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Синот на Анчелоти не сака да го замени Чаби Алонсо на “Бернабеу”

Синот на Карло Анчелоти – Давиде, го отфрли предлогот да го наследи Чаби Алонсо ако …