Милан игра фантастично во Серија А и скоро и да се заборави кога „росонерите“ имале еден ваков старт. После шест кола од максималните 18 бода испуштија само два и се лидери на табелата пред Сасуоло со 14, додека Јувентус и Аталанта имаат по 12 бода.
Со најмали вложувања во последните пет години (околу 20 милиони евра) Стефано Пиоли направи тим каков што замислуваше. Нема дилеми и дека огромни заслуги за ваквиот старт на Милан има и неверојатниот Златан Ибрахимовиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За добрите настапи на Милан се огласи и легендарниот напаѓач на овој клуб Андреј Шевченко кој смета дека овој клуб може да се вмеша во борбата за титулата. Иако е рано за таква констатација затоа што се одиграни само шест кола и сезоната е долга.
„Овој Милан може да се бори за титулата. Секако, пред нив е уште долг пат, но Пиоли минатата сезона ја заврши многу добро и уште подобро ја започна оваа. Најважно е да ја одржи екипата цврсто на земја“
„Милан изгледа како совршено компониран оркестар. Сите си ја знаат улогата, а Златан е првата виолина, навистина е совршен. Големи пофалби одат на сметка на Пиоли“, изјави Шевченко.
Во следното коло од Серија А Милан ја дочекува Верона, а пред тоа на „Сан Сиро“доаѓа Лил во рамките од третото коло во Лига Европа.