Селекторот на Украина, Андреј Шевченко во интервју за „Газета дело Спорт“ порача дека напредокот на Милан е забележителен, но не е доволен да се бори за титулата во претстојната сезона.
Тој ги пофали луѓето кои ги започнале промените во клубот (Бобан и Малдини).
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Милан? Кога носите дрес на така голем клуб, притисокот е огромен. Милан играше добро после паузата поради Ковид. Пронајдоа своја структура. Не си дозволувам самиот на себе да влегувам во плановите на клубот, го зборувам само она што сум го видел. На Милан му оди добро, Малдини и Бобан направија некои добри работи и резултатите почнаа да доаѓаат. Пиоли исто добро си ја врши работата. Му даде идентитет на тимот и стекна доверба од играчите. Милан има проблем со континуитетот“.
Борбата за титулата во Серија?
„Мислам дека ќе биде поинтересна од претходните години. Конте добро работи и Интер сериозно му се заканува на Јувентус. Очекувам конкуретно првенство, тука се Лацио, Наполи, Аталанта…Милан се засили. Меѓутоа за Милан е уште рано, не верувам дека ќе се борат за титулата. Треба да се оди чекор по чекор, пласман во Лигата на шампионите би значел добра сезона за Милан. Оваа и следната година би можеле да бидат клучни за клубот“.
Пирло на клупата на Јувентус?
„Навистина ми е мило за него и сигурен сум дека добро ќе се снајде. Со Андреа имам посебен однос. Сега имам баш многу пријатели тренери во Серија А“, зборуваше помеѓудругото Пирло.