Тимот на Вардар се подготвува за следниот натпревар во Лигата на шампионите и тој е закажан за во недела против ПИК Сегед.
Вардар пред ПИК Сегед требаше да игра со Флеснбург, но тој дуел се одложи и играчите и Алушовски морале брзо да се пренасочат со подготовките за унгарскиот ривал. Ракометарот кој неодамна пристигна во Вардар, Васко Шеваљевиќ раскажа како на сред тренинг им пристигнала информацијата дека нема да патуваат за Германија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Се спремавме за Фленсбург и буквално на пола тренинг стигна информацијата дека дуелот се одложува и моравме да почнеме да се подготвуваме за ПИК Сегед. Што да се прави, се случуваат такви работи во оваа година. За нас професионалците најважно е да си ја работиме нашата работа“, изјави црногорскиот бек.
„Во недела ќе играме против ПИК Сегед и секако дека одиме на два бода. Гледавме неколку видеа од нив, пред нас се уште два дена да се спремаме. Станува збор за една квалитетна екипа која има по два одлични играчи на секоја позиција“, порача Шеваљевиќ.