Натпреварот помеѓу Белгија и Шведска вчера беше прекинат откако на полувремето фудбалерите на Шведска одбија да излезат на теренот по убиството на двајца шведски навивачи на улиците во Брисел.
Трагедијата се случи пред почетокот на натпреварот, а кога информацијата стигна до шведскиот табор тие одбија да продолжат и натпреварот беше прекинат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Навивачите на стадионот поради безбедносни причини цели два часа чекаа да бидат извлечени и сето тоа изгледало како воена операција. (ТУКА).
За ситуацијата зборуваше селекторот на Шведска, Јане Андерсон.
„Во вакви ситуации тешко е да размислувате на фудбал. Одигравме добро прво полувреме, а кога заврши полувремето дознавме што се случило. Каде оди овој свет?
Се огласи и дефанзивецот Виктор Линделоф кој беше во неверување.
„Кога ја слушнав веста прво разговарав со соиграчите, па со белгиските фудбалери. И од нив на страна веднаш беше покажана солидарност. Невозможно беше да се продолжи да се игра. За жал насекаде во општетството гледаме луѓе со пиштоли. Сакам да изразам сочувство до семејствата на жрвите во име на фудбалерите“, изјави Линделоф.