Пред три недели Новак Ѓоковиќ мораше да го оперира менискусот и да се повлече од Ролан Гарос, а сега веќе тренира и го започна Вимблдон каде што славеше сигурна победа во првото коло.
Но, швајцарски медиум се сомнева во тоа дали српскиот ас е опериран.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Чудесно излекување на Новак Ѓоковиќ – сега и Србија го има коленото на нацијата“ е текстот на медиумот „Нојe Цирих цајтунг“, швајцарскиот медиум кој преиспитува дали Новак е навистина опериран.
На самиот почеток од текстот се поставува прашањето: Дали новак е навистина опериран или станува збор за блеф?
„Операциите на коленото се деликатни и тоа е познато ширум светот, не само во Швајцарија. Федерер во 2020 година го повреди менискусот додека ја бањаше својата ќерка, еден ден по поразот во полуфиналето од Ѓоковиќ. Мораше на операција и тоа беше почеток на крајот на неговата голема кариера“, се наведува во текстот.
Во текстот се пишува и за изјава на Божидар Маљовиќ кој на локалните медиуми наводно им пренел дека чичкото на Новак му пренел дека Ѓоковиќ не бил на операција.
По таа изјава на Маљковиќ, Ѓоковиќ и самиот се огласи и потврди дека е опериран, сепак швајцарскиот медиум се повика на таа изјава.