Дома Фудбал Лига на шампиони Швајцарците бесни: Скандалозно е тоа што се случуваше и после се прашуваат зошто никој не сака да доаѓа во Белград

Швајцарците бесни: Скандалозно е тоа што се случуваше и после се прашуваат зошто никој не сака да доаѓа во Белград

Јанг Бојс не успеа на „Маракана“. После ремито 2:2 во Берн Звезда ги издржа нападите и реваншот заврши 1:1 што српскиот клуб го одведе во нокаут фазата.

Швајцарците се лути, а медиумите пишуваат дека подобриот тим бил елиминиран, а посебно бесен беше спортскиот директор на Јанг Бојс, Кристоф Спајчер.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Спајчер прво имаше забелешки за слабата реализација на неговиот тим, а потоа пишуваше за проблемите со кои се соочиле во Белград.

„Имаше недостатоци во нашите игри. Пред се тука мислам на ефикасноста. И ќе кажам дека подобриот тим испадна“, изјави тој, а потоа почна да критикува.

„Несфатливо е како УЕФА дозволи во реваншот да се игра 20 минути помалку. Половина од второто полувреме во реваншот не се играше. Новинарите мораа да се пробиваат 500 метри низ чад и бакљи за да стигнат до микс зоната. Скандалозно е тоа што во ваков важен натпревар се случуваа такви работи. После луѓето се прашуваат зошто никој не сака да доаѓа во Белград“, порача бесниот Спајчер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Винисиус се обидува да ја убеди ѕвездата на Ливерпул да дојде во Реал Мадрид

По неговата улога во потпишувањето на Џуд Белингем (22) и Килијан Мбапе (27), Винисиус Жун…