Дома Фудбал Останато Швајнштајгер за животот во Чикаго: Некогаш одам до супермаркет и никој не ме забележува

Швајнштајгер за животот во Чикаго: Некогаш одам до супермаркет и никој не ме забележува

bastian

Поранешниот германски репрезентативец, Бастијан Швајнштајгер после блескавата кариера во Баерн и епизодата во Манчестер Јунајтед продолжи да игра фудбал во Чикаго каде што како што кажа самиот се пронашол самиот себе.

Германецот во разговор за „Марка“ истакна дека во Америка како земја најмногу му одговара поради семејството.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Моето семејство е среќно во Чикаго и тоа е најважно за мене. МЛС е отворена лига и интересно е што секој може да победи секого. Во однос на Европа овде клубовите имаат ограничен буџет, но тоа не ги спречува да доведат големи имиња“, изјави Швајнштајгер.

Славниот фудбалер ужива во популарноста, но за разлика од Европа му годи тоа што во Чикаго може да остане „анонимен“.

„Луѓето ме препознаваат, бараат автограми и сакаат да се фотографираме. Меѓутоа имам многу поголем мир отколку што имав во Европа. Иако Чикаго е голем спортски центар, сепак успевам да поминам незабележано. Некогаш се случува и да отидам до супермаркет без никаков проблем“, порача германскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…