Дома Останати Кошарка НБА После девет години заминува од Орландо: Трејдуван Никола Вучевиќ!

После девет години заминува од Орландо: Трејдуван Никола Вучевиќ!

После девет години, Никола Вучевиќ го напушта Орландо.

Црногорскиот репрезентативец, Никола Вучевиќ е трејдуван од Орландо во Чикаго Булс, пренесува добро познатиот кошаркарски новинар Адријан Војнаровски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Освен Вучевиќ, Орландо го трејдуваше и Ал-Фарук Амин, исто така во Булс, а од Чикаго кон Флорида ќе тргнат Ото Портер, Вендел Картер и два пика од првата рунда на драфтот, еден од оваа година, а другиот од 2023.

30 годишниот Никола Вучевиќ во Орландо помина дури девет години. Во клубот пристигна во 2012 година, а претходно беше дел од Филаделфија во сезоната 2011/12.

Оваа сезона има одличен учинок од 24.5 поени, 11.8 скокови и 3.8 асистенции по натпревар, а беше дел и од „Ол-Стар“ натпреварот.

Ќе потсетиме, денес е последниот ден за трејдови во НБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Го знаете ли ритуалот кој го има Јокиќ пред секој натпревар во НБА?

Срспкиот кошаркар Никола Јокиќ игра уште една одлична сезона во НБА лигата каде што со сво…