Дома Останати Кошарка НБА Шампионот не се предава: Лејкерс не ја искористија првата „меч топка“ 🎥

Шампионот не се предава: Лејкерс не ја искористија првата „меч топка“ 🎥

Лос Анџелес Лејкерс не ја искористија првата „меч топка“ против Голден Стејт и актуелните шампиони славеа победа со 121:106 во петтиот натпревар од плеј-оф серијата за намалување на 3:2.

Освен за поразот Лејкерс се загрижени и за Ентони Дејвис. Во второто полувреме тој доби удар од Кевон Луни и со инвалидска количка. Предводник на Вориорси беше Стеф Кари кој постигна 27 поени и осум асистенции, а зад него следеше Ендрју Вигинс со 25 поени, седум скока и пет асистенции, Дрејмонд Грин запиша „дабл-дабл“ од 20 поени и 10 скока.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Најдобар кај Лејкерс беше Леброн со 25 поени, додека Дејвис го заврши натпревар со 23 поени и девет скока.

„Меч топката“ покрај Лејкерс не ја искористи и Мајами кој беше поразен од Њујрок Никси со 112:103 во „Медисон Сквер“ Гарден (3:2).

Одличен натпревар одигра Џејлен Бренсон со 38 постигнати поени, додавајќи уште девет скока и седум асистенции, зад него следеше Ер Џеј Берет со 26 поени и седум скока. Џулиус Рендл постигна 24 поени додавајќи пет скока.

Во редовите на Мајами Џими Батлер со 19 и Адебајо со 18 беа најефикасните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…