ШАЛКЕ 04 испадна од Бундеслигата пред три години, а сега се бори да остане во втората лига. Во моментов тимот од Гелзенкирхен е на 13. место.
И клубот е во големи финансиски проблеми. Германците пишуваат дека Шалке е во негатива за 168 милиони евра. Раководството се обидува да собере пари, па се обидува да ги вклучи и навивачите во приказната. Имено, клубот на навивачите им понуди акции на стадионот Велтинс Арена во Гелзенкирхен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Челниците сакаат да ги покријат долговите со продажба на стадионот. Во официјалното соопштение за медиумите беше објавено дека започнува продажбата на акциите на стадионот.
Прво ќе се формира здружение за оваа намена, а цената по акција треба да биде помала од 750 евра. Претседателот на Шалке, Матијас Тилман, објасни дека здружението ќе купи акции на стадионот, со кој ќе продолжи да управува клубот.