Дома Фудбал Германија Чурлинов одигра одличен натпревар за Шалке

Чурлинов одигра одличен натпревар за Шалке

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов одигра одличен натпревар во ремите на Шалке против Хамбургер (1:1).

Чурлинов промаши зицер во второто полувреме, меѓутоа кога ќе се погледне статистиката може да се се заклучи дека македонскиот репрезентативец одиграл одличен натпревар.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Чурлинов креираше седум шанси за гол и тоа беше најмногу натпреварот, дриблаше без грешка (18/18), а беше добар и во пас играта со 87 точни додавања од 92 обида.

Откако се врати од повредата Чурлинов добива простор за игра, а имаше и пофалби од спортскиот директор на Шалке за неговите добри настапи на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Јунајтед ја совлада Астон Вила и направи важен чекор кон место во ЛШ

Манчестер Јунајтед оствари исклучително важна победа со 3:1 против Астон Вила во директна …