На две кола до крајот на натпреварувачката сезона 2022/2023 фудбалерите на Струга Трим Лум и официјално станаа шампиони во Првата македонска лига, прва титула во нивната клупска историја.
Стружани на домашен терен убедливо со 3:0 го надиграа составот на Силекс со двата голови на Шабани и еден на Ибраими. Составот на Струга Трим Лум предводен од тренерот Шпетим Дуро има недостижни седум бода пред второпласираниот Шкупи во генералниот пласман.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За овој успех денес пишуваат и медиумите од Србија нарекувајќи го „чудтото од соседството“. Во текстот на „Спортске.нет“ се истакнува дека тимот на Струга е формиран 2015 година и е составен во главно од македонски и албански играчи, а се додава и дека тука српскиот интернационалец Сава Радиќ.
Целиот текст посветен на Струга можете да го прочитате – ТУКА.
Инаку во текот на ноќта титулата во Струга се славеше и до доцна во ноќта – ТУКА.