Дома Фудбал Англија Чудна судбина на поранешниот англиски шампион: Само што се вратија во Премиер лигата газдата ќе ги продаде

Чудна судбина на поранешниот англиски шампион: Само што се вратија во Премиер лигата газдата ќе ги продаде

Само неколку дена по големиот успех најавена е голема промена.

Шефилд Јунајтед обезбеди враќање во Премиер лигата на три кола пред крајот на Чемпионшип, но во наредните денови би можеле добијат промена во раководната структура.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сопственикот на клубот од северот на Англија, принцот Абдулах бин Мусаид, планира да го продаде клубот.

Бин Мусаид постигнал договор со нигерискиот бизнисмен Дози Мобуси според кој би профитирал 115 милиони фунти, но таа соработка пропадна. Сега на големо се бара нов купувач, а челниците на англискиот клуб се надеваат дека тој ќе биде пронајден пред почетокот на новата сезона.

„Ако дојдеме до одлука, сакам тоа да биде припрема за наредната сезона. Доколку останеме тука ќе го водиме најдобро што можеме. Мојата намера е да го продадам, но ништо не е гарантирано“, изјави Бин Мусаид.

Шефилд беше шампион на Англија во далечната 1987/1988.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јирген Клоп прифати работа, се враќа на стадионите!

Клоп ја напушти екипата на Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24 по легендарниот период ш…