Дома Фудбал Италија Чудна ситуација во Јувентус: Кин расистички беше навредуван, а соиграчот го обвини него?!

Чудна ситуација во Јувентус: Кин расистички беше навредуван, а соиграчот го обвини него?!

Вчера Јувентус играше во Сардинија против Каљари, „старата дама“ го доби натпреварот со 0:2, но резултатот на оваа средба остана во сенка поради случувањата на теренот и непримереното однесување на домашните навивачи.

Навивачите на Каљари во текот на цел натпревар испраќаа расистички навреди на сметка на младиот Моис Кин и Блез Маутиди.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Матуиди дури во еден момент сакаше и да го напушти теренот поради навредите. Младиот Кин откако го постигна вториот гол го прослави пред ултарсите на Каљари со што уште повеќе ги разбесни.

После натпреварот Кин кратко порача:

„Тоа беше мојот одговор на навредите кои ги добивав од трибините“.

За циркусот да биде поголем се погрижи соиграчот на Кин Леонардо Бонучи кој не застана во одбрана на Кин, па дури и го обвини дека и тој има дел од вината!?

„Дел од вината носи Кин. Тој е фудбалер и не треба да дозволи да биде испровоциран од навивачите. Головите кои ги постигнува треба да ги слави заедно со соиграчите“, изјави Бонучи после натпреварот.

За разлика од Бонучи тренерот Масимилијано Алегри јасно застана во одбрана на младиот фудбалер.

„Никој нема право да го осудува Кин за она што го направи. Има технологија и многу камери. Виновниците треба да се откријат и да им се даде доживотна забрана за влез на стадионите“, остро порача Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе за дербито со Атлетико нема да биде ниту на трибини

Реал Мадрид ќе биде без Килијан Мбапе во вечерашното дерби, а Французинот нема да биде нит…